Мали Ѓокица ја прашува учителката дали може после часови да разговара со неа и она вика може. После часовите учителката прашува:
Шо е работата Ѓокица?
Ѓокица: Мислам дека сум многу паметен за да останам у основно, сакам дирекно у средно.
За тоа го известуваат и директорот и му викаат на Ѓокица дека мора да прави и тест.
Директорот: Ајде Ѓокица да видиме, 3 х 4?
Ѓокица: 12.
Директорот: 6 х 6?
Ѓокица: 36.
Директорот: Главен град на Канада?
Ѓокица: Отава.
И така тестот продолжува у наредниот пола саат и Ѓокица дава точни одговори. Директорот е презадоволен и му честита на Ѓокица, но учителката прашува дали она може
да постави неколку прашања и двајцата се сложуваат со тоа.
Учителката: Ајде Ѓокица, кравата има 4, а јас 2, шо е тоа?
Ѓокица: Нозе учителке.
Учителката: Точно. Шо може да се најде у твоите панталони, а во моите не?
Директорот малку се збунува од прашањето.
Ѓокоца: Џебови учителке.
Учителката: Точно. Каде жената има нај кадрави влакна?
Директорот се спрема да интервенира, но Ѓокица вика:
У Африка учителке.
Учителката: Точно. Шо е меко, но во рацете на жена станува тврдо?
Директорот ги ококори очите.
Ѓокица: Лак за нокти.
Учителката: Шо мажите и жените имаат на сред нозе?
Ѓокица: Колена.
Учителката: А шо омажената жена има пошироко од неомажената?
Директорот неможе да верува на своите уши.
Ѓокица: Кревет.
Учителката: Кој дел на моето тело е највлажен?
Ѓокица: Вашиот јазик.
Учителката: Кој збор почнува на буквата “п”, а означува нешто шо може да биде и влажно и суво и мажите сакаат да го гледаат?
Ѓокица: Пат.
Директорот без здив, целиот испотен решава да го прекине тестот и вика:
Ма какво средно, дирекно на факултет. Дури и јас ќе одговорев погрешно на прашањата.