Се вози еден Влав со воз, а наспроти него седи еден младич.
Во еден момент младичот прашува колку е саат. Влавот го вади часовникот од џеб, гледа, го враќа часовникот во џеб и си молчи…
-Зашто не сакате да ми кажете колку е саат?
-Та, ете… ако ти кажам, ти ќе ми речеш фала. Јас тебе ќе ти речам, нема зашто. Ти тогаш ќе ме прашаш каде патувам, а јас тебе ќе ти речам дека одам во Крушево. Ти тогаш ќе ме прашаш кого имам во Крушево, а јас ќе ти речам дека таму имам жена и ќерка. Тогаш ти ќе ме прашаш колку години има мојата ќерка, а јас ќе ти одговорам дека има дваесет. Потоа ти ќе ме прашаш дали ќерка ми е убава, а јас ќе ти одговорам дека таква убавица ретко се среќава. Потоа ти ќе сакаш да дојдеш со мене во Крушево, а јас ќе те однесам дома. Кога ќе ја здогледаш, ти веднаш ќе ја запросиш, а јас тогаш ќе морам да те испратам по ѓаволите, бидејќи ебате зетот кој нема часовник!