во

Ќе работам 2 недели и ќе си купам ново…

На автопатот имало масло. Ферари се лизнува и излетува од автопатот. Возачот, успешен брокер, излегува, ја погледнува штетата и вели:

– Ќе работам 2 недели и ќе си купам ново.

По 5 минути на истиот пат излетува арапски шеик со Ролс Ројс. Излегува и вели:

– Ќе работам 1 недела и ќе си купам нов.

По 10 минути на истото место доаѓа Македонец со Југо, се лизнува од маслото и излетува од патот. Излегува и вели:

– Леле што направив! Работев 12 години за да ја купам!

На тоа арапот му вели:

– Еее брату, зошто купуваш толку скап автомобил?