Некој човек решил да се жени. Се двоумел меѓу три слични кандидатки. Се решил да и поклони на секоја по 5.000 евра и да види како ќе ги искористат.
Првата отишла во салон за разубавување. Си ја средила косата, телото, се нашминкала, дотерала, купила нови алишта, штикли, чанта и се средила убаво. Му рекла дека
сето тоа го направила за да му биде попривлечна бидејќи го сака многу.
Човекот бил импресиониран.
Другата жена отишла да му купи подароци. Му купила стапови за голф, нови додатоци за компјутерот, скапа облека. Му ги дала подароците и му рекла дека ги потрошила
сите тие пари на него затоа што многу го сака.
Повторно бил импресиониран.
Третата жена ги вложила парите на берза. Заработила неколку пати повеќе отколку што вложила. Му вратила 5000 евра, а останатото го ставила на заедничка сметка.
Рекла дека сака да вложува во нивната заедничка иднина бидејќи го сака многу.
Секако, повторно бил импресиониран.
Долго размислувал за парите, жените, за тоа што направиле со парите и конечно се одлучил.
Се оженил за онаа со најголеми гради.
Такви се мажите.