во

Леле какво парче си, штом те видам, полудувам…

Пејо ја среќавал комшивката која била многу убава, но била мажена.

Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:

– Леле какво парче си, штом те видам, полудувам.

Еден ден таа застанала и рекла:

– Постојано зборуваш а ништо не превземаш.

Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.

– Сериозно???

Пејо не можел да им поверува на своите уши.

Наредниот ден отишол кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.

Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:

– Жено, Итар Пејо доаѓаше ли овде?

Жената помислила дека некој ја наклеветил.

– Да… дојде… Зошто?

– Колку пари ти даде?

– 1000 евра.

– Многу е точен тој Пејо.

Вчера дојде кај мене на работа и ми вели: „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“