Еден водоинсталатер оди на повик за пукната цевка во приватен стан, ѕвони на вратата од станот и му отвора згодна женска…
Си ја завршил работата мајсторот и девојката разголено облечена го прашува:
– Колку е поправката… мајсторе ??
*100 евра… Г-це …
– Девојката си ја соблекува маицата и прашува… а сега ???
*100 евра Г-це … видно возбуден одговара мајсторот…
– Ја соблекува и така малата сукњичка девојката, останува голичка и повторно го прашува… а сееега ????
* Видно вознемирен, се чеша по главата, диша убрзано… и повторно одговара… 100 евра Г-це ..
Си платила девојката 100 евра и мајсторот директно во кафана, го вика келнерот и му порачува… дај ми пива за 100 евра !!!
– Ама Г-не… тоа се ептен многу пива… да ви кажам…
* А бре давај да почнам да ги пијам… овој мојов… кога го мрзи да стане за 5 минути… сега нека се мачи да моча цел ден !!!