Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма. Лисицата рекла:
– Јас сум итра, ќе одам во општината и за час ќе средам да добиеме дозвола.
Заминала лисицата и се враќа за половина час со наведната глава – не успеала.
Тогаш волкот рекол: – Ќе одам јас, јас сум опасен и луѓето се плашат од мене, ќе ми дадат дозвола веднаш.
Но поминал еден час и се враќа волкот – и тој не успеал.
Тогаш магарето рекло: – Ќе одам јас.
Се враќа магарето по два часа, целото среќно, и им вели: – Добив дозвола!
Лисицата и волкот зачудено го прашуваат како успеал, а магарето им раскажало: – Влегувам јас во општината, тропам на вратата и влегувам внатре – кога таму сите мои школски другари…