Влегува наставникот по историја во училницата и сите ученици седат освен еден кој нешто чепка назад…
-Ти, ти таму назад, кажи што знаеш за Француската револуција ?
– Не знам ништо.
– Која година започнала втората светска војна ?
– Илјада триста и…
– Седи, единица. Како се викаш ?
– Пеце Стојаноски.
– Па тебе те нема во дневникот.
– Па сигурно дека ме нема, ме пратија да го поправам парното.