во

Види друже Хасо ама добри женски има во каталогов…

Мујо и Хасо биле на печалба во Германија. Еден ден по пошта им стигнал каталог од Викторијас Сикрет па фатиле да го разлистаат. Вртеле страниците, а низ нив се убави девојки, па Мујо му вели на Хасо:

– Види друже Хасо ама добри женски има во каталогов.

Хасо климнал со главата па заклучил:

– А, види им ја и цената. Не се ни скапи…

– Ма, јас би да си нарачам една – рекол Мујо.

Хасо се согласил:

– Ма, нарачај две, и за мене една. Оваа што е само по гаќи пошто немам пари за повеќе.

Поминало една недела и Хасо го прашува Мујо:

– Друже Мујо, стигнаа ли оние женскине што ги нарачавме од каталогот?

Мујо задоволно се насмеал и му рекол:

– Не се секирај друже, долниот веш им стигна, за некој ден сигурно ќе стигнат и они…