во

Абре комши што им правиш на доматите што се толку црвени и зрели, кај мене се се уште зелени…

-Абре комши што им правиш на доматите што се толку црвени и зрели, кај мене се се уште зелени.

Комшијава се помислил малку и и рекол на комшивката:

-Комшике не знам како да ти кажам, можеби и ке се навредиш, па дури и срам ме фаќа.

Комшиката нестрпливо му рекла:

-Де бре комши не се знаеме од вчера.

И комшијава видел, невидел и и рекол:

-Па вака комшике, кога ке станам од спиење рано на сабајле прво што правам доаѓам во бавчава и се соблекувам гол. И доматите од срам поцрвенуваат. Тоа е тајната
комшике.

Комшикава радосна си отишла дома и едвај чекала да се раздени. Наредниот ден комшијава поминува покрај куќата на комшиката и ја гледа комшиката во бавча и и вика:

-Комшике, како доматите зреат, зреат?

А комшиката му рекла:

-Комши доматите стојат у место, ама да видиш краставиците колкави се.