Mаж престојувал во хотел во Австралија. Во собата имал компјутер и решил да се приклучи на интернет и да и пише e-mail порака на својата жена. Случајно без да примети ја погрешил адресата и ја испратил пораката…
Во исто време во Чикаго вдовица се враќа од погребот на својот маж. Вдовицата решава да си ја прегледа својата e-mail пошта.
Откако ја чита првата порака паѓа во несвест. Синот дотрчува во собата, ја гледа својата мајка на подот и фрла поглед на мониторот на кој пишува:
“Знам дека ќе се изненадиш. Штотуку пристигнав.И овде имаат компјутери и можеме да си се допишуваме.Гледам, се е подготвено за твоето доаѓање утре. Немам трпение да те видам. Се надевам дека и твоето патување ќе помине без проблеми исто како и моето…
П.С. Пеколно е жешко овде долу.”