во

Трпе и Перо работеле во иста фирма. Дошло време за летен одмор па се мислеле како да му кажат на шефот…

Трпе и Перо работеле во иста фирма. Дошло време за летен одмор па се мислеле како да му кажат на шефот дека сакаат да одморат.

– Јас ќе средам – рекол Трпе.

– Е како бе колега? – прашал Перо.

– Сега ќе видиш.

Се качил на плакарот, ги заглавил двете нозе горе и ја пуштил главата да виси надолу.

Влегол шефот и го прашал што прави.

– Еве шефе, јас сум сијалица! – рекол Трпе.

– Колега, не ти е арно, ај иди земи 3 дена одмори – му рекол шефот.

Трпе среќен излегол од канцеларијата, а по него тргнал и Перо.

Шефот му викнал:

– А, ти кај тргна?

– Па шефе не можам во темница да работам?!