Богат Кумановец оди на пат и му вели на својот слуга дека може да му се јави само ако е многу, многу важно.
Само што стигнал на одреденото место му зазвонува мобилниот.
– Ало, газда ми пукна рачката од лопататa.
– Ало, па ти нормален си?! Стап? За тоа ми се јавуваш,
– Ама газда многу е пукнат.
– Па што си правел?
– Па го закопав вашето куче.
– Молам, па што му се случило на кучето?
– Па падна греда врз него…
– Каква греда?
– Кога шталата ви гореше.
– ШТАЛАТА!!!!Како мислиш шталата?!
– Па кога куќата ви се запали!
– Чекај малку,КУЌАТА!Како се запалила куќата?!
– Па од свеќата.
– Од каква свеќа?
– Oд свеќата што ја запаливме кога татко ви умре.
– Ја не можам да верувам, ќе добијам инфаркт…
– Па и тој доби инфаркт!
Со плачлив глас газдата: –А како добил инфаркт?
– Па, кога не најде мене и вашата жена заедно во кревет!