На судо фоф Берово тужитело го вика првие сведок, една баба околу 80 години:
– Бабо, знаеш ле ме мене ти…
– Е ка не, знам те ошче од малечок, секугаш лажеше, а изневеруеше жена ти, мислиш оти си фаца фоф градо, ама немаш ич мозок, да, ногу убаво те познавам јас…
Тове цел збунен, па а пита:
– А познаваш ле го бранитело…
– Море знам го и него, ошче куга беше млад, лажго гулем, има проблеми сос алкохоло, и ногу лош адвокат, жена му а изневерува сос други две, меџу кои и твојта, знам го и него шо мајмун e…
Бранитело и тужитело, ошче шо срцето не ги стегнало…
А судијата, ги вика двујцата адвокати да му пријдат, и им вика:
– Слушете вие двујцата мајмуни, немој да а питате таа бабата дали мен ме знае, че скапете цел живот фоф Идризово…