во

Ова е грабеж! Давајте ги парите и накитот!

Мажот се враќа од службено патување, ја начекува жената сама во куќата, облечена само по наметка и седнуваат во дневната да пијат кафе. По некое време, од спалната излегува еден маж и вели:

– Ова е грабеж! Давајте ги парите и накитот!

И веднаш тргнува да бега преку влезната врата… По неколку секунди, од спалната излегува уште еден маж.

– Јас сум полицаецот Петров! Да не видовте еден криминалец?

Жената веднаш:

– Да, да, натаму избега!

– Колеги, по мене!