80-годишен старец се оженил со 21-годишна жена. Првата година од бракот жената затруднела и денот на пораѓање, докторот во болница му вели на старецот:
– Честито, татко сте на машко бебе од 4 кг.
– Аха, старата машина уште работи – искоментирал стариот задоволен.
Втората година од бракот мажот и жената се повторно во болница. Докторот му вели:
– Честито, татко сте на женско бебе од 3,5 кг.
– Аха, старата машина уште работи.
Третата година, мажот и жената се пак во болница, а докторот му вели на стариот:
– Епа, ај честито пак. Татко сте на машко бебе од 3,8 кг.
– Ти реков јас дека старата машина уште функционира.
– Функционира стари, ама не е лошо да го провериш уљето… ова бебе е црно.