Две студентки цимерки пржат виршли. Едната им отсекува по едно парченце од краевите и ги става во тавчето. Другата зачудено ја прашува:
– Зошто им ги сечеш краевите?
-Не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.
За викенд девојката си оди дома и ја прашува мајка си:
-Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?
-Не знам, баба ти секогаш така ги прави…
Девојката се јавува кај баба и за да ја праша.
-Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.
Девојката оди да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.
-Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?
-АМАН, УШТЕ ЛИ НЕ КУПИВТЕ ПОГОЛЕМО ТАВЧЕ?!