Кога врне купувачите можат да користат бесплатна пластична обвивка за чадорот или пак да си купат чадор од автомат. Постојано се врши дезинфекција на корпите во маркетите.
Ако прашате некој да ви ја опише Јапонија сигурно ќе ви спомнат аниме и модерна технологија.
Оваа земја секогаш е интересна поради тоа што голем дел од работите таму функционираат поинаку.
Работи кои ќе ве изненадат во супермаркетите во Јапонија:
Цената на овошјето и зеленчукот се одредува на парче, а не на килограм
Ова е затоа што Јапонците купуваат малку храна за таа да биде секогаш свежа, плус овошјето и зеленчукот се навистина скапи таму.
Дури и на овошјето и зеленчукот има обвивки на кои има точни податоци за произведувачот
Нема да најдете многу маркети со смрзнато месо или риба, се нудат само свежи производи
Ова е поради тоа што Јапонците сакаат свежа и квалитетна храна, а и становите во Јапонија знаат да бидат многу мали, па да нема место за замрзнувач во домот.
На касите веќе одамна си плаќате самите, а класичниот електронски звук понекогаш е сменет дури со звук на мачка или куче за да биде позабавно
Има чудни портокалови балони во супермаркетите
Во нив има специјална силна боја која вработените треба да ја фрлат на ограбувачот во случај на напад за полицијата полесно да го лоцира.
Локалните супермаркети имаат дури и „паркинг“ за миленици
Бесплатен е и времето за престој е неограничено. Понекогаш има дури и персонал кој се грижи за животните оставени таму.
Кога врне купувачите можат да користат бесплатна пластична обвивка за чадорот
Или пак кога врне може да си купат чадор од автомат
Има цел сектор во супермаркетите посветен на чорапи за ногарките од столчињата
Ваквите чорапи се користат за ногарките да не го гребат подот.