Раскинувањата некогаш се мирни и разумни, но доста често се и спектакуларни, драматични и одвратни.
Кај некои раскинувањето предизвикува тага, кај други болка, кај трети олеснување, но особено внимание привлекуваат оние кои се бесни и сакаат по секоја цена да се одмаздат на поранешниот партнер.
Сепак, не се смејте многу, да не се најдете и самите во слична ситуација.
„Откако раскинавме, уште ја имав неговата лозинка за Нетфликс и го менував корисничкото име во ‘неверен’, ‘лажго’, па дури и ‘оној кој поим нема како со жените’. Некој го враќаше на првобитното, но не ми смени лозинка, како да го интересираше што следно ќе напишам.“
„Моето куче имаше дијареа и направи неред, па ја искористив облеката што му остана кај мене за да исчистам.“
„Ги разлабавив сите шевови на неговите панталони и му пукаа секогаш кога сакаше да седне. Нешто во мене ме тераше да го направам тоа. Кратко потоа дознав дека ме изневерува.“
„Му дозволив да го користи мојот профил на НВО и кога почна новата сезона на ‘Game of Thrones’, серија која ја обожава, ја променив.“
„Во мојот плакар најдов негова кошула која уште имаше етикета. Отидов во продавницата, кажав дека сум ја изгубила сметката, а продавачката ми излезе во пресрет и сега имам нов фустан.“
„Кога одев по моите работи, решив малку да си играм. Од неколку пара негови чевли земав по една и ги фрлав во корпи за отпадоци надвор.“