во

Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум…

Трпе бил мераклија по рум, и отишол на доктор бидејќи се го болело.

Докторот го прегледува и:

– Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум.

– Леле докторе сум пробал сто пати ама многу тешко ми оди.

– Мораш Трпе, немој да мислиш на рум, немој ни да го спомнуваш, и ќе успееш.

Отишол Трпе во кафеана и нарачува, чајче, а келнерот:

– Сакате со рум или без рум.

– Може … без чај!