Дошол некој селанец кај доктор и чека ред. Целиот ден го поминал во чекалната за на крајот од работното време докторот да излезе и да каже:
– Тоа би било се за денес, имам важен состанок, сите кои не стигнавте денес, дојдете утре.
Човекот на тоа:
– Чекај малку, сега јас што да правам со волкаво печèње?
Докторот само му намигнал и му кажал:
– Вие со печèњето почекајте уште малку, а сите останати одете дома.
Си отишле сите, а докторот го викнал човекот селанец.
– Каде е печèњето?
– Докторе, страшно ме пече кога мокрам…