Починала некоја зиморничава жена и оди кај св. Петар.
– Св. Петре јас дојдов. Каде треба да одам?
– Ти беше праведна жено. Ќе одиш во рајот.
– Топло ли е таму?
– Таму е вечна пролет. Цвеќињата цветаат, птиците пејат… Рај.
– Аха, вечна пролет! Значи 25-26 степена. Ладно ми е тоа. Прати ме на потопло.
– Ама не може во пеколот! Ти беше праведна.
– Сакам на топло!!! Во рајот ќе смрзнам.
– Во ред, ќе те пратам во пеколот.
Поминале неколку месеци и на св. Петар му текнало за праведната жена, па решил да ја посети. Слегол во пеколот и го прашал ѓаволот за неа.
– Ааа таа зиморничавата ли? – прашал ѓаволот. – Ја носев од круг во круг, од жешко во пожешко, а таа “Ладно ми е, смрзнувам, ладно ми е”. Не можам за дрва за
наваксам, ќе банкротирам од неа. Еве ја онаму во деветиот круг, нека се печи на жешкото.
– Ама како во деветиот! – викнал св. Петар. – Па таа беше праведна. Сакам да ја видам.
Отишле во деветиот круг: секаде вжарено, испарува, не се дише од жештината, па дури и на самиот ѓавол почнало да му се лоши. Ја отвараат вратата, а одвнатре се
слушнал женски глас:
– Затварај врата! Промаја иде, се смрзнав.