во

Работел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува…

Работел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го потсрижил, цвеќарот го прашал колку треба да плати.

Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари…

Цвеќарот заминал сиот среќен.

Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе.

Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари.

И пекарот заминал среќен.

Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта.

Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа.

Македонецот сиот среќен заминува.

Утредента што нашол фризерот пред неговата врата…?

Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат!