На некој човек во Германија му се расипало Фиќото на автопат. Стои тој покрај патот и мавта со раката за да наиде некој да му помогне.
Застанува еден човек со Порше:
– Еј земјак, што се случило?
– Абе еве, ми се расипа Фиќото. Ако можеш да ме одвлечеш до наредниот сервис би било супер.
– Нема гајле! Ако возам пребрзо само засвири и ќе успорам. Го шлепа така Поршето Фиќово, кога одеднаш ги претекнува едно Ферари.
Во возачот на Поршето се разбудила натпреварувачката страст, убрзал и го престигнал Ферарито.
Но и возачот на Ферарито не се давал, па повторно го престигнал Поршето. Додека Поршето и Ферарито се тркаат, на Фиќото малку му фали за да се распадне.
Возачот свири, но без резултат.
На работ на патот стоел полицаец кој сето тоа го посматрал и почнал да пишува записник:
– Порше и Ферари се тркаат, а Фиќо им свири за да му се тргнат од патот.