во

Наишол на надгробен споменик со QR код – кога го скенирал не можел ни да замисли што ќе види: „Не можам да престанам да плачам“

На социјалните мрежи се шири видео од надгробен споменик на кој бил поставен QR код.

„Не можам да верувам што видов денес на гробиштата“, навел авторот на виралното видео кое се шири на ТикТок со молскавична брзина.

На видеото се гледа како се приближува до надгробниот споменик на кој стои QR код и го скенира. Во следниот момент, пред него се отвора прозорец во животот на брачниот пар кој бил погребан на тоа место.

Првата снимка го прикажува нивниот последен танц на плажа, а семејството на парот објавило и многу други убави спомени…

Снимката има над 10 милиони лајкови, а луѓето се искрено трогнати.

„Не можам да престанам да плачам“, „Одлична идеја, ќе го направам истото за моите родители“, „Прекрасно е“, „Ова е најдобрата идеја некогаш“, се само дел од бројните коментари кои пристигнале од целиот свет.