во

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот…

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира.

Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол.

Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:

– Чичко, колку е часот?

Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:

– Рано е да се каже…