Махатма Ганди бил борец за мир и човекови права и верувал дека луѓето можат да живеат без насилство, во мир, почит и љубов. Неговите мудри мисли и денес се цитирани и претставуваат многу важни животни упатства за многумина.
Овие цитати на Махатма Ганди треба да ги научите напамет, да ги носите во телефонот или, пак, да ги залепите на вашиот фрижидер или на ѕид.
1. „Постојат два дена во годината во кои не можеме ништо, вчера и утре.“
2. „Односите се засноваат на четири принципи: почит, разбирање, прифаќање и ценење.“
3. „Сите тие добри мисли и идеи не значат ништо без акција.“
4. Нашата најголема способност како луѓе не е да го менуваме светот; туку да се промениме себе.
5. „Вистинската мерка на секое општество може да се види по тоа како се однесува кон своите најранливи членови.“
6. „Лесно е да се застане во толпа, но потребна е храброст да се застане сам.“
7. „Нека вашите мисли бидат позитивни, бидејќи вашите мисли стануваат ваши зборови. Нека вашето однесување биде позитивно, бидејќи вашто однесување ќе се претвори во ваша навика. Нека вашите навики бидат позитивни, бидејќи навиките стануваат вредност. Нека вашите вредности бидат позитивни – бидејќи вашите вредности стануваат ваша судбина.“
8. „Никогаш не знаете каде ќе ве доведат вашите постапки. Но, доколку ништо не направите, тоа нема да ве одведе никаде.“
9. „Живејте како да ќе умрете утре. Учете како да ќе живеете вечно.“
10. „Освојте го срцето на непријателот со вистина и љубов, а не со насилство.“
11. „Нема да дозволам некој да ми поминува низ мислите со своите валкани нозе.“
12. „Светот е доволно голем за да задоволи сечии потреби, но секогаш ќе биде премал за да ја задоволи сечијата алчност.“
13. „Иднината зависи од она што го правиме во сегашноста.“
14. „Воопшто не е доцна. Едноставно, сè уште не знаете за што сте способни.“
15. „Мирот е најмоќното оружје на човештвото.“
16. „Кога очајувам, се сеќавам дека низ историјата секогаш победувал патот на вистината и љубовта. Постоеле тирани и убијци и тие изгледаат непобедливи некое време, но на крајот секогаш паѓаат … Имајте го тоа на ум, секогаш.
17. „Доколку се грижите за вчерашните неуспеси, тогаш ќе имате мал успех денес. Иднината зависи од тоа што го правиме во сегашноста.“