Оди некоја баба по улица и влече две големи вреќи. Од едната вреќа паѓаат 20 евра. Наидува полицаец, ги зема и ѝ вели на бабата:
– Извинете, ви паднаа 20 евра.
– А, фала, вратете ги во вреќата!
Тргнува бабата понатаму, кога полицаецот:
– Чекај, бабо, не може така… Од каде ти е тебе вреќава полна со пари?
– Ех, синко, еве од каде… Живеам близу стадионот, и секогаш кога има фудбалски натпревар сите влегуваат во мојот двор да се олеснат. Кога ми се смачи од тоа,
купив огромни ножици и се сокрив зад една грмушка, па кој ќе дојде да моча, му се заканувам – или дај 20 евра, или сечам!
– Браво, мори бабо, ептен паметно си изиграла. А што имаш во вторава вреќа?
– Ех, синко… Има и такви кои не сакаат да платат.