во

Зошто го продавате толку ефтино?

Трпана влегува во продавница за домашни миленичиња и на излогот гледа еден папагал од 100 ден. Влегла внатре и прашала:

– Зошто го продавате толку ефтино?

– Видете, овој папагал живееше во јавна куќа па кој знае што има научено таму…

Бидејќи на Трпана не и сметало тоа си го купила папагалот. Кога стигнале дома папагалот почнал да зборува:

– Нова куќа, нова домаќинка…

Трпана се насмеала, во тој момент влегува ќерка и папагалот почнал повторно:

– Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка…

После некое време Трпе си доаѓа дома и папагалот почнал:

– Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка, здраво Трпе…