Ѓорѓи и Мара се венчале, и бидејќи немале пари да одат на свадбено патување, решиле првата брачна ноќ да ја поминат во куќата на родителите на Ѓорѓи.
Следното утро малото братче на Ѓорѓи, Трпе се спремал за на училиште и додека доручкувал ја прашал мајка му дали станале од спиење Ѓорѓи и Мара, а мајка му му одговорила дека сеуште спијат.
– Знаиш шо си мислам, рекол малиот Трпе…
– Не е важно шо си мислиш ти, туку ајде заминувај на училиште, му рекла мајка му…
На пладне малиот Трпе се вратил од училиште и пак ја прашал мајка му дали станале од спиење Ѓорѓи и Мара, а таа му одговорила дека сеуште спијат…
– Знаиш шо си мислам, рекол малиот Трпе…
– Не е важно шо си мислиш ти, ајде излегувај да играш со другарите…
Касно попладне малиот Трпе се прибира дома и пак ја прашува мајка си дали станале од спиење Ѓорѓи и Мара, а таа му рекла дека не се и дека сеуште се во собата…
– Знаиш шо си мислам, рекол малиот Трпе…
– Е ајде кажи шо си мислиш, му рекла мајка му
– Сношти дојде Ѓорѓи кај мене во собата и ми го побара вазелинот, оти претходно си ги мачкав прстите на нозете, а јас по грешка сум му го дал Супер лепакот за макетата за авиончето што го лепам…