Врските не се секогаш лесна работа. Кога реалноста ќе ги земе работите во свои раце мора да комуницирате со партнерот/ката и да ги решите проблемите. Понекогаш е тешко да се забележат лошите знаци веднаш, а можно е и да ви е потребна стручна помош.
Терапевти за парови ги споделија најчестите црвени знамиња со кои се сретнале во нивната пракса и дали ситуацијата може да се поправи или не.
1. Ескалирање на било која ситуација
Ова може да се види во постојаната, непотребна ескалација на конфликтот, каде што секое мало несогласување може да разнесе огромен проблем. Претежно ова го користи партнерот кој сака да избегне одговорност па дури и на терапија користи реченици како: „Морав да го довлечкам до тука“ или „Тој/таа само сака да се разделиме.“ Ваквите луѓе избегнуваат да разговараат на одредена тема со тоа што отвараат поголем проблем кој всушност не постои.
2. Одбивање на се видат со терапевтот насамо
Некој од партнерите не сака другиот да остане насамо со специјалистот затоа што така не би можеле да ја контролираат ситуацијата. Вака психологот веднаш знае дека станува збор за варијанти на контролирање, манипулација и навредување.
3. „Па што ако“ однос кон работите
Наместо да преземаат сопственост и одговорност за нивниот придонес во деградацијата на односите, едната или двете страни едноставно посочуваат пример на другата која покажува слично однесување. Ова е црвено знаме бидејќи го илустрира нивниот недостаток на самосвест и слабите комуникациски вештини. Комуникацијата е клучна кога се обидувате да ја поправите расипаната врска бидејќи, без почит и комуникација, процесот на закрепнување на конфликтот никогаш не може да започне.
4. Заборавање на добрите работи
Дел од терапијата за врска е повторно поврзување на двојка со она што го сакаат едни кај други, што првично ги привлекло едни со други и кои се позитивните работи меѓу нив. Паровите кои не можат да се сетат на ниту еден пример се ништо повеќе од цимери.
5. Игнорирање на мислењето и чувствата
Поголемиот дел од времето, едната или двете страни едноставно се обидуваат да бидат слушнати на емотивно ниво, но другата страна го сфаќа ова како личен напад врз нивните идеали. Сите сме слушнале или познаваме луѓе кои буквално нема да се согласат со што и да кажете, едноставно затоа што сте го кажале тоа.
6. Целосна зависност од партнерот
Тоа се типично млади жени (а понекогаш и млади мажи) кои не работат, немаат деца, остануваат дома цел ден и немаат пријатели или хоби надвор од дружењето со нивниот сопружник. Ова е многу нездраво и секогаш завршува со болна разделба. „Општо, ние се обидуваме да ги натераме да најдат пријател, да се приклучат на заедница, да се вработат или да волонтираат – нешто што ќе им обезбеди самодоверба и лично исполнување надвор од нивниот сопружник.“,вели еден психолог.
7. Немање на топли чувства за денот на запознавање
Ако нема апсолутно никакви позитивни чувства од ниту една личност, никој не покажува насмевка насмевка или само даваат одговор на една реченица, тоа обично е сигнал дека тие биле несреќни подолго време или дека конфликтот е толку огромен, што тие не можат да пристапат до тие топли нејасни чувства од почетокот на нивната врска.
8. Активно независни еден од друг
Ако паровите прават работи без консултација на пример земаат кредит за автомобил без знаење на едниот или одат на одмор без да се консултираат со партнерот тогаш ова е знак за неуспешен брак или врска.
9. Остануваат заедно заради децата
„Остануваме заедно за децата“. Ова доведува до нездраво размислување каде што парот гледа на децата како товар и верува дека останувањето во нездрава врска некако ќе ги натера децата да бидат во ред. Децата се попаметни отколку што мислите и ако нивните родители не се сакаат, тие ќе го знаат тоа.
10. Родителите им доминираат во животите
Кога еден од сопружниците е сојузник со своите родители кога настануваат проблеми, па дури и ги повикуваат да бидат дел од нивните караници и често зборуваат лошо за својот партнер пред нив, тогаш ваквите односи се многу несреќни и не завршуваат добро.