Еден влав и еден мијак станале пријатели и почнале да се дружат. Еден ден влав му оди на гости на мијакот и како по обичај мијакот му вари кафе на влавот.
Го врзал зрното кафе со конец и го пропуштил во ѓезвето да се кува. Го гледа тоа влавот, но ништо на тоа да реагира, го испиле кафето и си заминал.
После неколку време мијакот му оди на гости на влавот, и како по обичај со муабетот влавот почнува да кува кафе.
И тој го врзал зрното кафе и почнува да го кува кафето, но наместо зрното внатре во водата, тој од време на време го пропушта и пак го вади надвор.
Тоа го гледа мијакот и го прашува влавот зошто така прави. На тоа влавот му одговара на мијакот:
“Абе побратиме, кај тебе кафето ми беше многу јако, па затоа сакам да пиеме кафе, малку послабо”…