во

Домашната помошничка побарала зголемување на платата…

Домашната помошничка побарала зголемување на платата.

Газдарицата многу се налутила и ја прашала: „Па добро Марија, кажи ми ја причината зошто мислиш дека заслужуваш зголемување на платата?“

Марија одговара: „Не е една причина, туку се три“.

Газдарицата: „Па добро, кажи ми ја првата.“

Марија: „Првата причина поради која барам зголемување на платата е затоа што јас подобро пеглам од Вас.“

Газдарицата: „А кој го кажува тоа?“

Марија: „Тоа го вели вашиот сопруг.“

Газдарицата: „А која е втората причина?“

Марија: „Затоа што подобро готвам од Вас.“

Газдарицата: „Немој да ми кажеш дека тоа повторно го вели мојот сопруг?“

Марија: „Токму така, тоа го вели Вашиот сопруг.“

Газдарицата: „А која е пак третата причина?“

Марија: „Третата причина е тоа што сум подобра љубовница од Вас.“

Газдарицата (сега црвена во лицето): „Немој да ми кажеш тоа повторно го кажал мојот сопруг?“

Марија: „Не госпоѓо, тоа го кажува Вашиот градинар.“

Газдарицата: „Колку сакаш да ти ја зголемам платата?“