во

Да одиме „кај Перо”, таму има најзгодни келнерки…

Се собрало друштвото од средно, да договорат каде ќе слават 10 години матура.

Еден од нив предложил:

– Да одиме „кај Перо”, таму има најзгодни келнерки.

После 20 години, се собрале пак и се запрашале:

– Каде ќе одиме?

– „Кај Перо“, таму има најубаво јадење.

Дошла и 30-та годишница од матурата:

– Каде ќе одиме?

– Одиме „кај Перо“, таму има најефтини пијалоци.

Поминале уште десет години и истото друштво се спрема да прослави 40 години матура:

– Каде ќе одиме?

– Одиме „кај Перо“, таму има нови прозори и нема промаја.

И додека трепнеш, поминал половина век од матурата:

– Каде ќе одиме?

– Одиме „кај Перо“, таму храната е мека и не ни требаат заби.

Најпосле, малкуте останати, се собрале да се договорат за 60 годишнината од нивната матура:

– Каде ќе одиме?

– Одиме „кај Перо“.

Другите во еден глас одговориле:

– Супер, таму никогаш не сме биле!