Петок попладне… пукнала водоводна цевка во домот на еден доктор, вода насекаде, лом. Докторот веднаш му се јавил на својот водоводџија.
– Влегувај во кола, и те молам веднаш дојди! Ми пукна цевка, цел подрум ми плива во вода!
– Не можам денес никако, слава ми е. Дојдени ми се сите роднини, пријатели, комшии… викни некој друг.
– Кога тебе ќе ти се разболи некој во семејството, и кога ќе ми се јавиш, јас без збор доаѓам!
– Во право си, еве доаѓам одма.
Стигнал водоводџијата кај докторот, ја отворил вратата од подрумот и од третата скала фрлил два аспирина во водата и рекол:
– Ако не спадне до понеделник, јави ми се пак.