Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!